Долго време детските психолози тврдат дека промената на пристапот на образованието ќе им помогне на многу деца да научат да го сакаат училиштето, наместо да го мразат.
Сите сме слушнале дека децата често пати не можат да седат во нивните клупи. Всушност, веројатно и ние самите се сеќаваме на тоа чувство на возбуда првиот пат кога ќе одиме на училиште. Меѓутоа после тој прв ден, децата остануваат со огромно чувство на разочараност со она со кое се соочуваат.
Училиштето Сауналахти во градот Еспо,
Финска, сепак пронашло одличе начин да ги надмине овој проблем. Започнувајќи од самата зграда на училиштето, вие никогаш не би помислиле дека станува збор за училишна зграда. Наместо тоа, изгледа повеќе на музеј на модерна уметност - прекрасна, светла и свежа. Експертите од „VERSTAS Architects“ отстапија од типичниот строг дизајн на државните училишта кои голем број ученици не можат да ги поднесат.
Училиштето се протега на 10.500 квадратни километри, а објектот содржи основно училиште, средно училиште, градинка, младински клуб, театар, кафетерија, библиотека, теретана и многу други работи. Предавањето се одвива во релаксирана атмосфера: на децата им е дозволено да седат каде сакаат и во каква сакаат позиција, а дискутирањето меѓу нив за време на часот се охрабрува.
Учениците смеат да се движат низ училница на нивните минијатурни „канцелариски“ столчиња. Доколку сакаат, тие можат и да легнат на каучот, а пред нив се наоѓа компјутер. Всушност, лап топите се верзија на училишна табла. Поголемиот дел од лекциите на учениците се создадени околу концептот на тимски проекти.
Кафетеријата е место кадешто се среќаваат и наставниците и учениците како дел од процесот на учење. Во кафетеријата има сцена - мензата може да биде и корисно место за настапи, средби и прослави.
Отворената површина на училиштето е специјално дизајнирана за на учениците да им даде простор да шетаат наоколу. Просторот е поделен во различни области за ученици од основно и средно училиште.
Во вечерните часови, училиштето се претвора во центар за слободни активности и спорт за сите граѓани во соседството.
За декорацијата и на ентериоерт и на екстериерот, архитектите користеле природни материјали со цел да создадат топла и удобна атмосфера. Надворешниот ѕид бил создаден со користење на различни методи за да се поттикне учењето на децата. Во областите каде децата играат и се релаксираат, ѕидовите се обоени во светли бои. Секој клас има различно обоен ходник, такашто невозможно е детето да се изгуби.
Отворениот простор на училиштето е внимателно поврзан со внатрешните ходници, и областите предвидени за секоја група. Истовремено, сите области од училиштето формираат дел на поврзана целина. Дизајнерите веруваат дека било која ограда ќе ги ограничи децата и ќе ги натера да станат бунтовни противо граничувањата; затоа целото место е отворено. Постојат видео камери, меѓутоа безбедносните мерки се дискретни.
Големите прозорци на училиштето излегуваат надвор на улица, со што на учениците им се дава чувства на поврзаност со надворешниот свет. Местата на кои децата седат се покрај прозорците, за тие да не се чувствуваат како да се затворени во четири ѕидови.
Во училишта како ова, кои го напуштиле традиционалниот образовен модел, процесот на образованието на детето е многу повисок, додека износот на психолошки проблеми кои често ги доживуваат децата на училиште, е намален. Истовремено, ваквите модерни училишта можат да го трансформираат соседството во целина, бидејќи тие нудат фокус на активности кон целата заедница.
Линк до галеријата.