X
 06.06.2016 Живот

Мухамед Али: „Најдобриот начин да ги исполните вашите соништа е да се пробудите"

Најдобрите мисли од големиот шампион.

„Ако мојот ум може да замисли нешто и моето срце може да верува во него - тогаш јас можам да го постигнам“.


„Тешко е да се биде скромен ако си толку голем колку што сум јас“.

„Не е фалење ако тоа можеш да го оправдаш“.

„Немојте да ги броите деновите, направете деновите да се бројат“.

„Оној кој не е доволно храбар да преземе ризици ништо нема да постигне во животот“.

„Живејте го секој ден како да ви е последен бидејќи еден ден и ќе биде“.

„Услугата кон другите е киријата која ја плаќате за вашата соба, тука на Земјата“.

„Човекот кој го гледа светот на 50 години исто како што го гледал на 20, потрошил 30 години од неговиот живот“.

„Човек без имагинација нема крилја“.

„Не сум најдобриот, јас сум двојно најдобар“.

„Ако можат да направат пеницилин од застарен леб, тогаш бидете сигурни дека можат да направат нешто и од вас“.

„Пријателството е најтешкото нешто во светот за објаснување. Не е нешто што се учи на училиште. Но ако не сте го научиле значењето на пријателството, тогаш не сте научиле ништо“.

„Најдобриот начин да ги исполните вашите соништа е да се пробудите“.

„Ја мразев секоја минута тренирање, но си реков: „Не се откажувај. Страдај сега и живеј остатокот од животот како шампион“.

„Да бидеш голем шампион мора да веруваш дека си најдобар. Ако не си, тогаш преправај се дека си“.

„Јас сум најдобар. Го реков ова дури и пред да знам дека сум. Сфатив дека ако си го велам тоа доволно, ќе го убедам светот дека навистина сум“.

„Невозможно е само голем збор кажан од малите луѓе на кои им е полесно да живеат во свет кадешто живеат, а немаат моќ да го променат. Невозможно не е факт туку мислење. Невозможно не е изјава туку предизвик. Невозможно е потенцијал. Невозможно е привремено. Невозможно е ништо“.

„Шампионите не се создаваат во теретаните. Шампионите се создадени од нешто што го имаат длабоко во себе - желба, сон, визија. Тие мораат да имаат оружје, мораат да бидат побрзи, и мораат да имаат вештина и волја. Но волјата мора да биде посилна од вештината“.

„Она што го мислиш е она што ќе станеш“.

„Да мразиш човек поради бојата на неговата кожа е погрешно. И не е важно која боја ја мразиш. Едноставно погрешно е“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот