X
 12.02.2017 Живот

Цитати за успех: Првата заповед на лидерството: „Запознајте се себеси“

Со децении, емоционалната интелигенција е доказ за развивање на лидерството, емоциите и воопшто личноста на еден човек.

Во продолжение ви нудиме интересни цитати кои ќе ве поттикнат на успех и ќе ви помогнат поуспешно да ги менаџирате вашите врски.

- Единствениот начин на кој можете да промените нечиј ум е да се поврзете со нив од сѐ срце.

- Никому не му е грижа колку знаете, сѐ додека не дознаат колку се грижите.

- Првата заповед на лидерството: Запознајте се себеси.

- Најголемата способност во лидерството е да се согласувате со другите и да влијаете врз нивните дела.

- Ако секој пат дозволиме некој да допре до нас со гнев, ние ги учиме нив да бидат гневни.

- Нашите чувства не треба да бидат исфрлени или освоени. Тие треба да бидат изразени со имагинација и интелигенција.

- Не е стресот оној кој нѐ тера да паѓаме туку како реагираме на стресни настани.

- Опасни сме кога не сме свесни за нашата одговорност за тоа како ние се однесуваме, мислиме, и чувствуваме.

- Важно е да сфатиме дека емоционалната интелигенција не e спротивно од интелигенцијата, не е триумф на срцето над главата - туку е уникатен пресек од двете.

- Тајната на задоволството е да знаете да уживате во она што го имате, и да бидете способни да изгубите желба за работите кои ви се далеку од дофат.

- Искуството не е она што ви се случило туку како го интерпретирате она што ви се случило.

- Емоционалната интелигенција е способноста да почувствувате, разберете и ефективно да ја применете моќта на емоции како извор на човечка енергија, информации, поврзување и влијание.

- За новостите на срцето, запрашајте го лицето.

- Оној кој го поминува времето жалејќи за минатото, ја губи сегашноста и ја ризикува иднината.

- Суштинската разлика помеѓу емоцијата и причината е тоа што емоцијата води до акција додека причината води до заклучок.

- Постои само еден агол од универзумот за кој можете да бидете сигурни дека се подобрува... а тоа е самите себеси.

- Можете да го пребродите скоро секој страв ако се одлучите. Запомнете, стравот не постои никаде освен во умот.

- Лидерите влијаат врз расположението на тимот. Расположението на тимот влијае врз перформансот. Кој е вашиот заклучок?

- Зрелоста се постигнува кога една личност ги одложува моменталните задоволства за долгорочните вредности.

- Тајната на генијалноста е човек да го носи духот на дете на старост, а тоа значи никогаш да не го изгуби ентузијазмот.

- Лесно е да се помеша разбирањето со емпатијата - толку многу ја сакаме емпатијата... тешко е и лошо да знаете дека некој ве сфаќа дури и без да му се допаѓате.

- Очите насекаде низ светот имаат еден јазик.

- Простувањето не го менува минатото, но ја проширува иднината.

- Најголемата способност во бизнисот е да се согласувате со другите и да влијаете врз нивните акции.

- Паднете седум пати, станете осум.

- Најважната образовна цел е да научите да учите.

- Прашањата се креативните акти на интелигенција.

- Кажи ми и ќе заборавам. Покажи ми и можеби нема да заборавам. Вклучи ме, и ќе сфатам.

- Најголемото откритие на мојата генерација е тоа што луѓето можат да ги променат нивните животи со промена на нивниот став.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот