X
 23.02.2020 Живот

Цитати од Алан Вотс за живот исполнет со мир

Алан Вотс е британски филозоф кој ја популаризирал источната филозофија на Западот. Напишал многу книги, а една од најпопуларните е „Патишта на жената“ со која на западната публика ѝ го приближи учењето на зен будизмот.

Алан обработувал и теми од будизмот како вид психотерапија, како и човечката свест.

На „Јутјуб“ има многу негови предавања, но ова се цитатите што ќе ви помогнат да го промените погледот кон животот и да се исполните со внатрешен мир. Ќе ве поттикнат на интроспекција и подлабоко сфаќање на смислата на живеењето.

- Ова е вистинската тајна на животот - целосно да се предадеш на она што го работиш сега и тука. Наместо да го наречеш работа, сфати дека тоа е игра.

- Матната вода најдобро ќе се исчисти кога ќе ја оставите сама.

- Научникот се обидува да научи нешто секојдневно; ученикот на будизмот се обидува да го заборави наученото секој ден.

- Личноста ќе биде помалку анксиозна доколку се чувствува целосно слободна да биде анксиозна, а истовремено да не чувствува тага или вина поради тоа.

- Доколку не веруваш во себе, не можеш ни да веруваш во сопствената недоверба - без оваа основна доверба, во целиот систем на природата, ти си едноставно парализиран.

View this post on Instagram

“The sayings of the early Zen masters, such as Hui-neng, Shen-hui, and Huang-po, are full of these ideas – that truly to know is not to know, that the awakened mind responds immediately, without calculation, and that there is no incompatibility between Buddhahood and the everyday life of the world.” #AlanWatts from The Way of Zen, 1957. Photograph features Hòa thượng Dr. Thien An, Alan Watts, and Ven. Song Ryang Hearn at the International Buddhist Meditation Center in Los Angeles, 1973⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ ⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ ⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ #TheWayofZen #ZenMasterss #Huineng #Shenhui #Huangpo⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ #AlanWattsPhilosophy #AlanWattswisdom #AlanWattscommunity #AlanWattsZen #buddhismquotes #buddhismteachings #zenbuddhism #AlanWattsQuotes

A post shared by Alan Watts Organization (@alanwattsorg) on


- Технологијата е деструктивна само во рацете на оние луѓе што не сфаќаат дека тие се еден ист процес како универзумот.

- Работите се такви какви што се. Гледајќи низ прозорец навечер, не правиме разлика помеѓу лошо и добро поставени констелации на ѕвездите.

- Единствен начин да најдете смисла во промената е да се нурнете во неа, да се движите со неа и да му се приклучите на танцот.

- Ќе ви кажам што сфатиле пустиниците. Ако одите длабоко, длабоко во шумата и бидете многу тивки, ќе почнете да сфаќате дека сте поврзани со сè.

Извор: Noizz.rs
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот