Малала Јусафзаи е најмладата добитничка на Нобелова награда. На свои 23 години таа веќе претставува пример за целиот свет. Јусафзаи е посветена на мисијата девојките низ светот да го добијат образованието што го заслужуваат. Ова се некои од нејзините највпечатливи цитати.
- Ако една девојка со образование може да го промени светот, само замислете што може да направат 130 милиони.
- Ајде да ја креираме својата иднина сега и да направиме нашите соништа да станат утрешната реалност.
- Верувам дека жените имаат право да се облечат како што сакаат и ако жената може да оди на плажа и да не носи ништо, зошто тогаш да не може да носи сè?
- Кога целиот свет молчи, дури и еден глас станува моќен.
- Некои луѓе мислат: Малала има среќа - таа сега е со Хилари Клинтон, таа сега е со Боно, таа е со рок-ѕвезди. Но, од друга страна, јас имам и свои домашни задачи.
- Не сакам да бидам девојката што ја убиле талибанците. Сакам да бидам девојката што се борела за правата на секое дете, без разлика дали е девојче или момче, право на образование и право на еднаквост.
- Прилично сум сигурна дека сум прва добитничка на Нобелова награда која и понатаму се расправа со помладиот брат. Сакам мирот да владее секаде, но кога сме во прашање моите браќа и јас, сè уште работиме на тоа.
- Одиме по нашите книги и пенкала. Тие се нашето најсилно оружје.
- Толку е тешко да се добијат некои работи на овој свет. Се обидувате, а пречесто не успевате. Но мора да продолжите. И никогаш да не се предадете.
- Искрено верувам дека единствениот начин на кој можеме да создадеме глобален мир е со образование не само на нашиот ум, туку и на срцето и душата. Од тоа зависи судбината на нашиот мир и просперитет.
- Зборувајте против неправдата кога ќе ја видите. Гласајте за лидери кои веруваат во еднаквост и ветуваат дека повеќе ќе вложуваат во образование.
- Ако еден маж може да уништи сè, зошто не може една девојка да смени сè?
Извор:
Elle