Само 18 отсто од американските работници добиваат најмалку 15 дена одмор на годишно ниво, 38 отсто добиваат од 10 до 14 дена одмор, 30 отсто добиваат од пет до девет дена, а 8 отсто добиваат помалку од пет дена одмор, покажуваат статистиките.
Тоа е за оние што добиваат одмор. Една петтина од американските работодавци сѐ уште не им нудат платен одмор на своите вработени, покажува нов извештај на
„Експерт маркет“, во кој се наведени и најдобрите градови во светот за земање одмор и заработување големи плати.
Најдобрите градови се во Европа, а Њујорк е единствениот американски град што влезе меѓу првите 15.
Еве ги најдобрите градови во светот каде што работниците добиваат поголема плата за да работат помалку, земајќи ги предвид трите фактори: нето-плата, работни часови во годината и денови за одмор.
15. Женева, Швајцарија
Фото: Business Insider
Месечна нето-плата: 5.817 долари
Работни часови на годишно ниво: 1.859
Платен одмор на годишно ниво: 27 дена
14. Москва, Русија
Фото: Business Insider
Месечна нето-плата: 999 долари
Работни часови на годишно ниво: 1.647
Платен одмор на годишно ниво: 31 ден
13. Њујорк, САД
Фото: Business Insider
Месечна нето-плата: 4.304 долари
Работни часови на годишно ниво: 1.847
Платен одмор на годишно ниво: 27 дена
12. Франкфурт, Германија
Фото: Business Insider
Месечна нето-плата: 2.626 долари
Работни часови на годишно ниво: 1.757
Платен одмор на годишно ниво: 28 дена
11. Виена, Австрија
Фото: Business Insider
Месечна нето-плата: 2.045 долари
Работни часови на годишно ниво: 1.678
Платен одмор на годишно ниво: 27 дена
10. Лондон, Англија
Фото: Business Insider
Месечна нето-плата: 2.776 долари
Работни часови на годишно ниво: 1.740
Платен одмор на годишно ниво: 25 дена
9. Осло, Норвешка
Фото: Business Insider
Месечна нето-плата: 3.154 долари
Работни часови на годишно ниво: 1.744
Платен одмор на годишно ниво: 25 дена
8. Даблин, Ирска
Фото: Business Insider
Месечна нето-плата: 2.603 долари
Работни часови на годишно ниво: 1.770
Платен одмор на годишно ниво: 31 ден
7. Рим, Италија
Фото: Business Insider
Месечна нето-плата: 1.791 долар
Работни часови на годишно ниво: 1.736
Платен одмор на годишно ниво: 32 дена
6. Копенхаген, Данска
Фото: Business Insider
Месечна нето-плата: 2.958 долари
Работни часови на годишно ниво: 1.697
Платен одмор на годишно ниво: 25 дена
5. Лион, Франција
Фото: Business Insider
Месечна нето-плата: 2.269 долари
Работни часови на годишно ниво: 1.631
Платен одмор на годишно ниво: 29 дена
4. Хелсинки, Финска
Фото: Business Insider
Месечна нето-плата: 2.620 долари
Работни часови на годишно ниво: 1.659
Платен одмор на годишно ниво: 29 дена
3. Париз, Франција
Фото: Business Insider
Месечна нето-плата: 2.583 долари
Работни часови на годишно ниво: 1.604
Платен одмор на годишно ниво: 29 дена
2. Минхен, Германија
Фото: Business Insider
Месечна нето-плата: 3.180 долари
Работни часови на годишно ниво: 1.721
Платен одмор на годишно ниво: 29 дена
1. Луксембург
Фото: Business Insider
Месечна нето-плата: 4.292 долари
Работни часови на годишно ниво: 1.703
Платен одмор на годишно ниво: 32
дена.