Кои се најплатените професии во Македонија?
Просечна месечна нето-плата во мај изнесува 24.509 денари, објави
Државниот завод за статистика. Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај во споредба со претходната година изнесува 107,1, а се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: објекти за сместување и сервисни дејности со храна (23,1 %), финансиски дејности и дејности на осигурување (17,4 %) и информации и комуникации (15,3 %).
Вработените во следниве дејности имаат највисоки нето-плати во мај:
1. Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности - 55.842 ден.
2. Воздухопловен транспорт – 52.076 ден.
3. Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови - 50.454 ден.
4. Дејности за санација и останати услуги за управување со отпад - 44.712 ден.
5. Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати - 43.361 ден.
6. Осигурување, реосигурување и пензиски фондови, освен задолжително социјално осигурување - 40.751 ден.
7. Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација - 38.939 ден.
8. Складирање и помошни дејности во превозот - 37.471 ден.
9. Дејности на организации врз база на зачленување – 37.193 ден.
10. Правни и сметководствени дејности - 34.786.