X
 06.06.2018 Технологија

„Спејс Екс“ објави кога конечно ќе полетаме кон Месечината



Вселенските туристи ќе мора, барем до средината на следната година – а можеби и подолго, да почекаат за патувањето околу Месечината со вселенскиот брод на компанијата „Спејс Екс“, пишува „Вол стрит журнал“.


Лансирање ракета
(Фото: Pixabay)


Новата програма за летот – која е одложена до средината на 2019 година, а веројатно и подоцна – компанијата со седиште во Калифорнија сè уште не ја објавила, а претходно ја најавила за крајот на 2018 година.

Причината за доцнењето не е јасна, но се зборува дека техничките и производните предизвици ги нарушиле плановите на основачот Илон Маск за истражување на Сончевиот Систем во кој ќе учествува човек, додава њујоршкиот весник.

Туристите ќе патуваат на Месечината во капсулата „Драгон“ што ќе ја носи најсилната ракета на „Спејс Екс“, „Фалкон хеви“, која пред четири месеци беше успешно лансирана.

Портпаролот на „Спејс Екс“, Џејмс Глисон, во соопштение рекол дека компанијата „не се откажува од планираното испраќање патник околу Месечината и дека интересот кај клиентите расте“ за овој облик на туризам.

Тоа би бил прв таков лет по завршувањето на американската мисија „Аполо“ на почетокот на 70-тите години на минатиот век и најдалечна точка во длабоката вселена до која стасал човек.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија