X
 06.06.2019 Живот

Јапонките протестираат против задолжителното носење високи потпетици на работните места

Јапонки поднесоа петиција до владата против принудното носење високи потпетици на работа.

Кампањата наречена „#KuToo“ - игра на зборови од јапонското „kutsu“ што значи чевли и „kutsuu“ што значи болка, беше лансирана од актерката и писателката Јуми Ишикава и за брзо време доби огромна поддршка на интернет.

Поддржувачите на кампањата велат дека носењето високи потпетици се смета за речиси задолжително за жените во многу јапонски компании.

- Денес поднесовме петиција со која повикуваме на воведување закон со кој ќе им се забрани на работодавците да ги принудат жените да носат потпетици како сексуална дискриминација и малтретирање - вели актерката Ишикава и објаснува дека ова е првпат ваква петиција да стигне до министерството.

- Ова е првиот чекор напред - додава таа.

Случајот го нагласува она што некои експерти велат дека е длабоко вкоренет проблем со мизогинија во Јапонија. Минатата година пратеник од владејачката партија изјави дека жените треба да имаат повеќе деца, а жените што сакаат да останат слободни би биле товар на државата подоцна во животот.

Во твит од Ишикава претходно оваа година таа се жалеше на барањето да носи високи потпетици за хотелска работа. Твитот стана толку популарен, што Ишикава лансира кампања.

Таа вели дека кампањата е одговор на антисексуалното движење #MeToo.

- Сфатив дека многу луѓе се соочуваат со истиот проблем, па затоа решив да ја лансирам кампањата - вели таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот