X
 16.11.2019 Живот

Жените треба да имаат можност да ја видат платата на машките колеги

Жените треба да имаат право да знаат колку се платени нивните машки колеги ако се сомневаат на дискриминација во платата, соопшти добротворната организација за родова еднаквост.

Организацијата „Фосет сосајети“ повикува на промена на законот за да се намалат случаите на нееднаква плата. Но, и мажите можат да помогнат со тоа што едноставно ќе им кажат на колешките колку заработуваат, додава добротворната организација.

- Дури и ако се сомневаат дека колегата заработува повеќе, речиси е невозможно да направат нешто во врска со тоа. Затоа повикуваме на промена во законот - изјави извршната директорка на „Фосет“, Сем Смитерс.


kolegi
Фото: Getty Images


- Мажите можат да помогнат со тоа што едноставно ќе им кажат на колешките колку заработуваат - вели Смитерс.

- Еднаквата плата за иста работа сè уште е сон на многу жени - додава Смитерс.

Британија во 1970 година донесе закон за еднакви плати што на жените им овозможува еднаква плата како машките колеги за истата работа.

Жените во Европската Унија и понатаму во просек заработуваат 16 отсто помалку отколку мажите, што е незначително подобрување во споредба со минатогодишните 16,2 отсто.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот