Аналитичарите стравуваат дека многу
професии во Германија ќе изумрат, а со нив и работните места, поради што на оваа земја ќе ѝ биде сè потешко да обезбеди доволно работна сила во блиска иднина.
Дефицитарни професии во Германија се: математичари, информатичари, научници во областите на природните науки, техничари и лекари (со исклучок на стоматолозите).
Се очекува и рапиден пад на заработката на просветните работници бидејќи, според најновата студија, на Германија до 2025 година ќе ѝ недостигаат 35.000 учители. И тоа под услов бројот на деца да остане непроменет, што сигурно нема да се случи во ова општество кое незапирливо старее. Експертите предвидуваат пораст на ученичката популација, а со тоа и на потребата од вработување на 105.000 нови наставници, и тоа само во основните училишта!
Тамошните медиуми пишуваат дека бројот на млади што сега се обучуваат да ги преземат педагошките работни места нема ни приближно да ја пополни „дупката“. Во следните седум години ќе бидат изучени максимално 70.000 педагози. Составен дел од пресметката е и фактот што околу 60.000 наставници во тој период ќе се пензионираат.
Ова е можност за работниците од нашиот регион, кои се исклучително барани и пречекани со отворени врати, бидејќи се висококвалификувани, а прифаќаат да работат за минималната плата што ја пропишуваат германските прописи.
Инаку, интересот на странците за „син картон“ што овозможува увоз на работна сила од година на година сè повеќе расте, а до денес е удвоен.
За воопшто да се надева на „син картон“, странецот мора да исполни најмалку два услова: да има потврда за завршено образование на школо кое се признава во Германија и доказ дека за понудената работа во оваа земја ќе биде платен прво 50.800 евра годишно, така што со текот на времето оваа сума да биде коригирана и да се намали на 39.642 евра. Тоа би значело дека месечната заработка на работниците треба да изнесува повеќе од 3.000 евра.
Најмногу работници Германија „увезла“ од Индија (22,8 отсто), потоа од Кина, Русија, Украина и Сирија.