Доколку планирате да одите некаде и ви е потребна информација колку точно метри или километри тоа место е оддалечено од вашата појдовна точка, „Гугл мапс“ е тука да ви помогне.
Со само неколку кликови на мапата можете да го добиете саканиот одговор.
Имено, откако ќе ја отворите мапата, кликнете на десниот клик, па потоа на Measure distance. Потоа треба само да кликнете на почетната точка и да си кликате по патот по кој планирате да се движите. Во мало прозорче во долниот централен дел од екранот можете да видите колкава е оддалеченоста од првиот до последниот клик.
Погледнете како изгледа сето тоа.