X
 02.07.2022 Живот

Пронајден голем непознат објект во морето близу Солун

На „Гугл мапс“ бил откриен необичен објект во близина на брегот на Грција, а се чини дека никој не знае за што станува збор.

Објектот со кружен облик може да се види под морската површина на само неколку метри од брегот на Солун. Ова било објавено од страна на корисник на „Јутјуб“ кој проценува дека објектот е долг 67 метри.


Корисниците на интернет предложиле повеќе можни објаснувања за објектот, на пример, дека станува збор за поранешен светилник, вулкански кратер, па дури и вселенско летало.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот