„Гугл мапс“ го олеснува забележувањето на сообраќајниот метеж или бавното движење на патиштата преполни со автомобили така што ги обележува со портокалова или црвена боја.
Но, германскиот артист Симон Векерт создал сопствен сообраќаен метеж на сервисот така што ставил 99 телефони во количка и ги носел по улица.
„Измамувањето“ на „Гугл мапс“ од страна на артистот е едноставно. Неговата количка симулира 99 патнички возила кои истовремено ја покриваат истата површина, предизвикувајќи обележување на сообраќаен метеж со црвена боја на „Гугл мапс“. Постапката на Симон претставувала непријатност и за другите возачи бидејќи ги пренасочувала, а некогаш го оставала сам со количката на големи делови од патот.
- Мапите на „Гугл“ фундаментално го променија нашето разбирање за тоа што е мапа, како ние стапуваме во интеракција со мапи, кои се нивните технолошки ограничувања и како тие изгледаат естетски - истакна Векерт на неговата страница.