X
 06.06.2021 Живот

Германските фирми имаат проблем да најдат млади занаетчии

На германските фирми им се потребни работници, а најбарани се електричарите и водоинсталатерите, но и работници во автомобилската и во месната индустрија, пишува „Дојче веле“.

Компанијата „БСХ-Енерџи“, која инсталира соларни системи за производство на електрична енергија, мора да ги одбива клиентите бидејќи не може да стигне со сите нарачки. Оваа фирма со 150 вработени е само една од компаниите што не можат да најдат работници, според Компетицискиот центар за осигурување квалификувани работници во мали и средни претпријатија КОФА.


Фото: Pixabay

Овој недостиг на работна сила особено се забележува во производството и во градежништвото. Дури 17 од 26 професии во кои нема доволно работници се од овие сектори. Потребни се луѓе за градежна електроинсталација, водоинсталација, греење, климатизација и технологија, но се бараат и луѓе во месната индустрија.

Компанијата „БСХ-Енерџи“ е сместена во регионот Долна Франкофонија, кој е еден од најпогодените. Според КОФА, најголем недостиг на работна сила има во Јужна и во Југозападна Германија, иако проблемот е присутен низ целата земја. Покраините Баден-Виртемберг и Баварија се споменуваат како најпогодени, а помалку погодени се градовите во Северна Рајна-Вестфалија.


Фото: Pixabay

Во Германија мал дел од младите се одлучуваат да се образоваат за занаетчиски дејности, па затоа се потребни млади лица за овие професии. Според Франц Савер Петерандерл, претседател на Баварската комора на занаетчии, главната причина за ова е недостигот на информации за можностите што се нудат со занаетчиството.

Извор: DW
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот