X
 01.03.2020 Живот

Европски шуми што нудат незаборавно искуство - од појадок со животни во Германија до „шумско капење“ во Англија

Видете ја поларната светлина и доживејте ги терапевтските придобивки на природата во шумските предели во Британија и цела Европа. Ова се едни од најубавите европски шуми кои нудат несекојдневни задоволства.

Дрвена кабина - Хајленд, Велика Британија

Оваа област ви нуди шанса да ја видите поларната светлина, а моржовите и орките што се појавуваат крај брегот му даваат уште поголема магија на престојот во „Арнор ренџерс хат“, која се наоѓа среде високи борови. Бајковитата дрвена кабина има селски ентериер, а велосипедските патеки и шумските прошетки ќе ви овозможат да уживате во природата.

Куќички на дрвја во Сноудонија - Велс

1

Шесте куќички на дрвја во националниот парк Сноудонија потсетуваат на куќичките од филмот „Хобит“, изградени од одржливо дрво. Куќичките нудат бегство од секојдневието, што дефинитивно ќе ви ги наполни батериите.

Појадок со животни - Германија

Елените се чести гости во четирите дрвени куќички близу градот Бад Цвишенан во Долна Саксонија. Панорамските прозорци и тераси овозможуваат прекрасен поглед, каде што вервериците се искачуваат на дрвјата стари 200 години.

„Шумско капење“ - Сари, Англија

капење

Престојот во природа, меѓу дрвја, го забавува пулсот, го намалува крвниот притисок и го намалува хормонот на стрес, кортизол - а тоа е основата на „шумското капење“ и токму тоа го нуди „Холистик хилинг терапи“, која се наоѓа во Сари Хилс.

Бесплатни шумски засолништа - Данска

Престојот во природа е начин на живот во Данска. Бесплатните засолништа во дивината можат да се најдат во многу убави региони, а се користат за кампување при планинарење, пешачење, пловење со кајак и возење со велосипед. Во градот Вајле има три едноставни дрвени колиби со сместувачки капацитет за шест лица со бесплатно огревно дрво, вода и тоалети.

Мрежи за лежење во Кармартеншир - Велс

лежалки

Најубаво доживување на природата: лежење на мрежа помеѓу две дрвја под лисјата и ѕвездите. Одморалиштето „Ј Геили“, кое се нарекува „речиси диво“ одморалиште, на гостите им нуди да изберат мрежи околу огнот или шатори.

Следење на волците - Трансилванија

Шумите во Трансилванија се едни од најздравите на континентот, со најголема популација на волци, мечки и рисови во Европа. Следете ги животните на патеките на планината Бучеги со помош на експерти од организацијата „Трансилванијан вулф“.

Стекнување шумски вештини - Сафолк, Велика Британија

вештини

Сечење лакови и стрели, градење засолниште и правење накит од дрво се активности што ги нуди одморалиштето „Сикрет Медоус“ близу Вудбриџ.

Извор: inews.co.uk
Фото: inews.co.uk
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот