Многу работодавци ги враќаат вработените во канцелариите, а некои размислуваат за тоа. Но за многу вработени ова е лоша вест.
Неодамнешна анкета спроведена на 4.553 работници од пет различни земји покажала дека сите вработени се анксиозни поради враќањето во канцеларија.
За работодавците, можеби е подобро целата работа да се одвива во канцеларија, каде што може да се одржуваат состаноци и дискусии и да се следи работата на вработените, но притисокот за враќање во канцеларија може да им создаде анксиозност на вработените, како што покажува анкетата.
Фото: Pixabay
Испитаниците откриле дека намногу причини за стресот што им го предизвикува враќањето во канцеларија се поврзани со ризикот од зараза со ковид-19, губењето на флексибилноста во работата, дополнителното време за патување до канцеларија, носењето маска во канцеларија и грижата за децата.
Анкетата покажала дека дури 56% од испитаниците не биле прашани од компанијата за нивното мислење кога станува збор за враќањето во канцеларија.
Извор:
The Conversation