X
 28.04.2021 Живот

Се бара работник што треба да ги посети сите кафеани и гостилници во округот Линколншир во Англија

Локалниот совет во Линколншир, Англија, бара соодветен кандидат чија работа ќе биде да ги посети сите гостилници и кафеани во областа.

Работната позиција „офицер за проект за културно наследство“ во моментот се нуди од градскиот совет на округот Линколншир со плата од 32.965 евра годишно за вистинскиот кандидат, кој треба да има диплома во соодветна област, на пример, конзервација на згради или археологија.

Позицијата е дел од пилот-проектот од „Историска Англија“ наречен „Гостилници на работ“ и ќе вклучува истражување и снимање на архитектонската и социјалната историја на куќите по должината на брегот на Линколншир, од Гримсби до Бостон, за да се информира идниот менаџмент и конзервација.

- Работната позиција е потребна за да се подобрат евиденциите за локалната историска средина, да се подигне свеста како одговор на заканата од затворање на гостилниците и кафеаните и да му се помогне на секторот за угостителство да закрепне од пандемијата. Кандидатот што ќе биде избран ќе помогне во работата со колегите, партнерите и заедницата за промовирање на вредноста на историските гостилници и кафеани на Линколншир за општеството, туризмот и локалната економија, преку социјални медиуми и изложба на проектот - пишува во описот на огласот.

Гостилници на работ“ е наменет да биде пилот-проект. За време на проектот ќе се тестираат и оценуваат идеи и методологии, со намера да се информираат идните проекти во другите делови на округот и други места во Англија.

Освен соодветно образование и искуство, кандидатите треба да имаат познавање на наследството на регионот и архитектонска и социјална историја на гостилниците. Исто така, потребни се одлични комуникациски вештини, искуство за спроведување истражувања, организациски вештини и управување со времето.

ТУКА можете да дознаете нешто повеќе за работната позиција.

Извор: Ladbible.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот