X
 22.10.2022 Живот

Долгото работење на компјутер го менува мозокот

Долгиот ден во канцеларија може да ви ја исцрпи енергијата. Но, зошто се чувствувате изморени на крајот од работниот ден иако цел ден седевте?

Неодамнешно истражување кое ги скенирало мозоците на луѓето во различни периоди од нивниот работен ден открива дека напорните задачи може да придонесат кон собирање потенцијално токсична хемикалија наречена глутамат. Нормално, оваа супстанција игра функција во испраќање сигнали од нервните клетки, но во големи количини тој го менува делот од мозокот кој е одговорен за планирање и донесување одлуки.

Ова е уште еден доказ дека менталниот умор може да има вистински ефекти. Истражувањето, спроведено од Парискиот мозочен институт, анализирало дали когнитивните функции како фокусот, помнењето и решавањето проблеми може да предизвикаат умор и да влијаат врз одлуките што ги носите.


Фото: Pixabay

Научниците сакале да видат дали долгите когнитивни задачи го намалуваат снабдувањето со хранливи материи на мозокот. Тие откриле дека напорните задачи доведуваат до зголемена концентрација на глутамат во латералниот претфронтален кортекс. На крајот од денот, учесниците во истражувањето што работеле понапорни задачи биле и поуморни.

Според истражувачите, резултатите треба да се искористат за да се сменат работните практики за многу професии што бараат силна концентрација, како контролори на летање и професионални возачи.

Извор: The conversation
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот