X
 19.02.2022 Живот

Нормално е да бидете анксиозни во овој период од пандемијата, вели психолог

Болеста ковид-19 влијае врз нашите животи речиси две години. Затоа, иако пандемијата не е завршена, многу луѓе се обидуваат да се вратат на старите активности што ги сметале за нормални претходно. Но, како што почнувате да одите на повеќе настани и да правите повеќе работи со други луѓе, тоа може да ви предизвика чувство на анксиозност.

Клиничкиот психолог Џастин Рос вели дека е нормално да се чувствува социјална анксиозност во овој период.

- Анксиозноста беше камен-темелник на искуството за менталното здравје преку ковид-19 и пандемијата воопшто. Тоа се зголемуваше и намалуваше со различните соеви што ги имавме, а омикрон не е различен. Кога гледаме на страната на менталното здравје, се гледа високо ниво на анксиозност, особено за ковид-19 како што омикронот продолжува да се шири во толку високи бројки - вели Рос.

Тој додава дека е важно да се разбере дека анксиозноста може да се зголемува со несигурноста.

- Ја немаме способноста да знаеме или да предвидиме што доаѓа и тоа навистина ќе биде основата за анксиозноста - вели Рос.


Фото: Pixabay

Покрај тоа, недостигот на контрола на социјален поглед може да биде причина за социјална анксиозност. Во овој период луѓето имаат спротивни чувства за социјалните искуства бидејќи сакаат да бидат безбедни и здрави, но имаат и силна желба да се вратат на „нормалното“.

Рос посочува дека првиот чекор треба да биде препознавањето на социјалната анксиозност како често искуство. Тој препорачува вежби со дишење за намалување на анксиозноста.

Според него, доколку чувствувате анксиозност, треба повторно да се потсетите на своите вредности и приоритети и да мислите на она што е важно во таа ситуација. Доколку чувствувате дека анксиозноста ве попречува во секојдневието и постојано се повторува, тогаш би можеле да побарате помош од професионалец, вели Рос.

Извор: KDVR
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот