X
 06.07.2018 Живот

Дали треба да се укине поместувањето на часовникот?

ЕУ ги прашува Европејците дали сакаат да се задржи летното сметање на времето или да се укине оваа практика.

Граѓаните на Европската Унија од денеска до 16 август ќе можат да пополнат онлајн-прашалник и да го дадат своето мислење за тоа дали треба да го укинат летното сметање на времето или да го задржат.

Консултацијата е започната на барање на Европскиот парламент во февруари, како и на граѓаните и некои земји-членки.

vreme
Фото: FAH


Во март, 73 отсто од анкетираните Германци рекле дека сакаат да го прекинат летното сметање на времето, според истражувањето на германската осигурителна компанија ДАК.

Летното сметање на времето е воведено во неколку европски земји за заштедување на енергијата за време на Првата светска војна.

Европските прописи налагаат часовниците во ЕУ да се поместат напред за еден час во последната недела во март и да се вратат еден час назад во последната недела од октомври.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот