Познатиот производител на антивирусни алатки,
Kaspersky Lab, објави интересни заклучоци за компјутерската безбедност и кибернетските закани во последните две години.
Како што истакнуваат, рансомверот минатите неколку години бил постојана закана за кибернетската безбедност (како минатогодишните
WannaCry и
NotPety рансомвер-напади). Меѓутоа, оваа година откриле дека рансомверот исчезнува.
(
Фото: Pixabay)
Минатата година бројот на рансомвер-нападите бил намален за 30 проценти во споредба со годината претходно. Имало и помалку кибернетски напади со мобилен рансомвер, но и помалку малвери.
Нивните места на кибернетската скала на закани ги заземаат програмите за рударење криптовалути. Се работи за програми кои го искористуваат заразениот компјутер за рударење криптовалути и така на своите сопственици им обезбедуваат значителен профит.
Архитектурата на криптовалутите предвидува, освен купување криптовалути, да можете и самите да ги создадете користејќи ја силата на компјутерите кои имаат инсталирана специјализирана програма за рударење, истакнуваат од оваа компанија.
Така минатата година е забележан пораст на бројот на случаи на компјутери заразени со програми за рударење за дури 44,5%. Во вкупниот број кибернетски закани во целиот свет, дури 4 отсто им отпаѓаат на програмите за рударење криптовалути.
За да се заштитат од можни инфекции со програми за рударење, корисниците би требало да бидат многу внимателни при отворањето е-пораки што ги добиваат од непознати извори.
Исто така, многу е важно редовно да прават безбедносни копии на податоците за да не ги изгубат.
Редовното ажурирање на оперативниот систем и на сите програми на сите уреди што ги користат исто така може да го намали ризикот од зараза.
Ако случајно го заразат уредот со рансомвер, корисниците би требало да имаат на ум дека тоа пред сè е кривично дело, кое веднаш треба да се пријави во полиција.
„Немојте да плаќате откупнина“, велат од
Kaspersky Lab, затоа што во повеќето случаи податоците се веќе изгубени.