Канадскиот град Северен Ванкувер ќе почне да ја користи енергијата што се ослободува при копање биткоини за да затопли 100 згради.
Компанијата во сопственост на градот „Лонгсдејл енерџи корпорејшн“ планира да го намали користењето на природен гас, а да користи електрична енергија произведена од обновливи извори. Затоа, градот и компанијата ќе воведат нов извор на затоплување на 100 згради - копање биткоини.
Фото: Pixabay
Во соработка со компанијата за копање криптовалути „Минт грин“, ќе се користи електричната енергија искористена за време на копањето биткоини за да се трансформира во топлинска енергија со која ќе се загреваат жителите.
Ќе биде искористена технологија на „Минт грин“ со која се зачувуваат над 96 отсто од електричната енергија што се користи за копање биткоини.
Користењето големо количество електрична енергија за копање биткоини е критикувано од многумина во светот, а тоа придонесува и за влошување на климатската криза.
Извори:
Independent |
Techcouver