X
 10.06.2019 Живот

Затвор за корисниците на криптовалути

Индиската влада разгледува нов закон според кој секој оној кој тргува, копа или има криптовалути ќе биде казнет со 10 години затвор.

Доколку законот добие зелено светло, тој исто така ќе спречи оние кои ќе бидат уапсени за прекршоци поврзани со криптовалути да бидат ослободени со кауција. Ова се неверојатно строги мерки за технологијата за која индиската влада вели дека често се користи за перење на пари и за други финансиски криминални дела.

Владините службеници во Индија веќе некое време работат на законот. Во меѓувреме, голем број на владини организации кои работат со данок се заземаа за „крипто-забраната“.

Но, владата нема да донесе конечна одлука додека не се консултира со Резервната банка на Индија, која се дистанцираше од законот.

Сето ова и не е некое изненадување бидејќи Индија размислуваше за пуштање во употреба на сопствена дигитална валута одобрена од државата.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот