Голем број луѓе сакаат да заработат брзи и лесни пари, а сега тоа е подостапно од кога било. Преку социјалните мрежи можете да допрете до многу мали инвеститори кои често стануваат жртви на разни измамници. Колку е лесно да се направи тоа, покажа еден експерт за криптовалути и финансиски пазари.
Успешен експеримент
Тој преку својот твитер-профил објави дека добил пристап до високопрофитабилна рударска фарма. Тој напишал дека вложил колку што можел, но дека останале уште места, па ги повикува заинтересираните да го контактираат. Најави дека приоритет ќе им се даде на „жртвите“ од падот на токенот УСТ, но не даде други детали за инвестицијата - имињата на инволвираните, видот и начинот на заработка и потенцијалниот профит. Сето тоа намерно го испушти. Се разбира, сето тоа беше лага.
И покрај ваквата оскудна покана и со оглед на тоа што има повеќе 100.000 следбеници на „Твитер“, неговите приватни пораки многу брзо беа преплавени од оние што се подготвени да инвестираат во неговата „шема“. За само два часа овој човек собра околу 100.000 долари за неговата лажна инвестиција. Набрзо јавно откри дека сѐ било само експеримент и на „инвеститорите“ им вратил сѐ што му платиле.
Тој го искористи овој случај за да им укаже на своите следбеници на лековерноста на инвеститорите и да ги предупреди на слични подвизи при кои нема да им се вратат парите.
- Не постои нешто како бесплатен ручек. Нема високопрофитабилни инвестиции без ризик - рече тој, нагласувајќи дека разни крипто-инфлуенсери, дури и со повеќе следбеници на социјалните мрежи, често рекламираат слични измами.
- Премногу е лесно да се измамат луѓето кога станува збор за криптовалутите, а тоа мора да се промени. Ако не разбирате од каде доаѓаат парите, луѓето ќе заработат пари на вас - вели тој.
Извор:
Bug.hr
Фото: Freepik