Ако сте некој што редовно дебатира за соодносот на оревот во колачите или обожавате да јадете колачиња, тогаш време е да го проверите вашето CV и да аплицирате за оваа можност за работа.
„Мериленд кукис“, во сопственост на производителите на „Буртонс фудс“, е во потрага по тестер на колачиња кој ќе има можност да оди на платено патување до нивниот Центар за иновации во Единбург, Шкотска, за да тестира голем број колачиња и да создаде сопствен вкус на колачиња.
Компанијата неодамна објави оглас за работа објаснувајќи дека успешниот апликант ќе добие 350 фунти и ќе има шанса да си земе пријател за време на тестирањето.
Фото: Getty Images
- Повратната информација на тестерот на колачиња ќе биде искористена како помош за нашиот тим да развие подобри колачиња - вели Рејчел Рајнер, менаџер на брендови во „Мериленд кукис“.
За да аплицираат, кандидатите треба да коментираат подолу во огласот за работа објаснувајќи до каде би оделе и што би направиле за колаче од „Мериленд кукис“.
Оние што се заинтересирани треба да ја посетат оваа
веб-страница, да кликнат „Make an offer“ и да остават коментар.
Колку полуда идеја ќе понудите, толку се поголеми шансите да ве изберат.
Огласот за работа ќе биде затворен на 26 јули.