X
 06.07.2022 Образование

УКЛО го објави Конкурсот за запишување на прв циклус студии

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола го објави конкурсот за упис на студенти во прва година на прв циклус студии за новата академска година.

Годинава ќе може да се запишат 2.625 студенти, а најмногу слободни места се огласени на Техничкиот факултет, вкупно 390, и на Правниот факултет, вкупно 365.

Според конкурсот, на Факултетот за безбедност во Скопје ќе може да се запишат 350, на ФТУ-Охрид 347, на ФИКТ во сите три категории на студирање ќе може да се запишат 255, во Прилеп на Економскиот факултет огласени се 248, а на Педагошкиот факултет слободни се 215 места.
На Педагошкиот факултет во Битола ќе се врши претходно оценување на психо-физичките способности на пријавените кандидати за студирање, а оценувањето на кандидатите е елиминаторно.

Во новата академска година на Биотехничкиот факултет ќе може да се запишат 120 бруцоши, на Ветеринарниот факултет - 45, а на Високата медицинска школа 215 кандидати.
Првиот уписен рок на УКЛО - Битола ќе се реализира на 29 и 30 август.

Целиот конкурс може да го прочитате ТУКА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование