X
 06.07.2018 Образование

Листа со факултети каде што лани се запишале најмалку студенти во Македонија

Само десет студенти лани се запишале на Факултетот за технолошки науки на најмладиот државен универзитет во земјава „Мајка Тереза“, кој официјално почна со работа есента 2016 година. Ова е воедно факултетот каде што лани се запишале најмалку студенти. Државниот завод за статистика ги објави податоците за студентите што лани се запишале на факултетите и на високите стручни школи во првиот циклус на студии во учебната 2017/2018 година.

Запишани биле вкупно 56.941 студент.
Ова е листата на факултети каде што се запишале најмалку студенти на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), „Гоце Делчев“ во Штип (УГД), Тетовскиот универзитет (ДУТ), „Св. Климент Охридски“ во Битола (УКЛО) и „Мајка Тереза“ и Универзитетот за ИТ „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

1. Факултет за технолошки науки „Мајка Тереза“ - 10
2. Факултет за информатички и комуникациски науки „Св. Апостол Павле“ - 22
3. Филмска академија (УГД) - 24
4. Ликовна академија (УГД) - 37
5. Факултет за земјоделство и биотехнологија (ДУТ) - 42
6. Факултет за информатички науки „Мајка Тереза“ - 49
7. Факултет за комуникациски мрежи и безбедност „Св. Апостол Павле“ - 56
8. Факултет за градежништво и архитектура „Мајка Тереза“ - 60
9. Ветеринарен факултет (УКЛО) - 69
10. Факултет за драмски уметности (УКИМ) - 79

Листа каде што лани се запишале најмногу студенти
Подготвил: В.И.И.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование