На младинската конференција „Улогата на НАТО во справувањето со предизвиците на безбедноста во непредвидлива средина“, организирана од Софискиот форум за безбедност и Факултетот за безбедност од Скопје, учество зедоа студенти од
УКЛО.
Настанот се одржа со поддршка на НАТО - Одделот за јавна дипломатија и отвори простор за разговори поврзани со безбедносните предизвици со кои се соочува Европа, регионалната и глобалната безбедност, справувањето со нив и улогата на НАТО.
Во дебатите со бугарските колеги, студентите од УКЛО и од други државни универзитети од Македонија дискутираа за современите безбедносни прашања и имаа можност да ги слушнат излагањата на: амбасадорката од Македонија во Бугарија, Агнеза Руси Поповска, амбасадорката на Германија во Бугарија, Ирене Марија Планк, Александра Нтакоу од НАТО Одделот за јавна дипломатија, проф. д-р Снежана Мојсоска, продекан за финансии од Факултетот за безбедност Скопје и професорките Мира Канева и Моника Панајотова од Софискиот универзитет.
Сите настани заеднички ги водеа и модерираа м-р Јордан Божилов, претседател на Софискиот форум за безбедност, и проф. д-р Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност од Скопје.
Во рамките на посетата на Софија учесниците имаа можност да се сретнат со високи претставници на бугарските власти, меѓу кои: претседателот на Владата на Република Бугарија, Николај Денков, министерот за одбрана Тодор Тагарев, претседателот на собраниската комисија за безбедност, Христо Гаџев, и советникот на премиерот на безбедносни прашања и надворешна политика, Драгомир Заков.
Покрај впечатливите разговори со претставниците на власта, дипломатскиот кор и академската заедница, студентите на Конференцијата имаа можност да работат на различни прашања кои се значајни за развојот на односите помеѓу двете држави, особено на прашања кои се важни за односите помеѓу младите луѓе, заедничките закани и предизвици како што се десниот екстремизам, дезинформациите, хибридните закани, тероризмот итн.
Претседателот на Софискиот форум за безбедност, м-р Јордан Божилов, и деканот на Факултетот за безбедност, проф. д-р Никола Дујовски, на учесниците им доделија сертификати за присуството.
Оцена од Конференцијата е дека ваквите настани се исклучителна можност за младите лица, особено за студентите од двете држави бидејќи претставуваат добра основа за идна понатамошна соработка.
Младинската конференција: „Улогата на НАТО во справувањето со предизвиците на безбедноста во непредвидлива средина“ се одржа во Централниот воен клуб, од 3 до 5 декември 2023 г. во Софија.
(Комерцијална објава)