X
 06.08.2018 Култура

„Castle Rock“ е серија за која најмногу се зборува ова лето

Кесл Рок е измислен град во кое живее злото - застрашувачки, но интригантно, истовремено натприродно и приземно, човечко, секојдневно и вечно, мистериозно, моќно. Зло какво што може да се развие само во имагинацијата на славниот Стивен Хокинг.

Серијата за која најмногу се зборува ова лето е мистериозниот трилер со елементи на хорор, во кој се преплетуваат низа мотиви од делото на Стивен Кинг, има елементи и од филмови како „Бегството од Шошенк“, „Зелена милја“... Но дури и ако не сте гледале ништо од сето ова и ако не сте љубители на овој жанр, „Castle Rock“ ќе ве хипнотизира уште со првата епизода.

кесл рок
Фото: Profimedia


Серијата започнува со потрагата по едно момче, посвоениот син на омилениот свештеник. Момчето го наоѓаат среде замрзнато езеро. Во 2018 година, на неговиот последен ден како чувар во затворот Шошенк, Дејл Лејси извршува самоубиство. Овие две приказни и уште многу други се поврзани една со друга во Кесл Рок, измислениот град во кој секој милиметар е обоен со гревовите на неговите жители.

Станува збор за една од најмоќните серии во историјата на телевизијата што ве ангажира и психички и емотивно, а притоа да не сте сигурни ни кој е добар, а кој лош лик; кој ве навлекува толку што не сакате да спиете додека не видите што ќе се случи.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура