X
 06.08.2018 Економија

Човекот кој напишал една од најдобрите книги за лични финансии има лоша вест

Човекот кој напишал една од најдобрите книги за лични финансии на сите времиња, предупредува дека би можеле да се движиме кон најголемиот колапс во светската историја.

Роберт Кијосаки, автор на бестселерот од 1997 година, „Богат татко, сиромашен татко“ има едноставен совет за тоа како да се заштитите себеси - купете злато.

-Сите пазари доживуваат подеми и падови, тоа е животот - вели Кијосаки.

-За жал, имавме голем колапс во 2000 година, а потоа во 2008 година беше колапсот со недвижниот имот. Следниот ќе биде најголем од сите. Кога доаѓа не знам, но предзнаците се чувствуваат токму сега - додава тој.

финансии

Кијосаки ги обвинува политиките за печатење пари на федералните резерви на САД, познати како квантитативно олеснување, за надувување на меурот.

-Во Австралија секогаш велат дека кога Америка кива, Австралија се онесвестува - вели тој.

-Секогаш ќе бидам обожавател на златото затоа што постојат толку многу лажни пари. Проблемот исто така стана невидлив, така што можат да печатат колку сакаат. Затоа, мој совет е, купете злато или сребрени монети. Кога доларот паѓа, златото се зголемува - додава тој.

Според него, не е многу променето во период од две децении. Тој и понатаму се залага за поголемо финансиско образование.

-Не ги учиме децата никакво финансиско образование. Тие учат економија, но не учат повеќе од тоа - вели тој.

Според него постојат три главни работи во кои училиштето ве збунува.

-Во училиштата учениците се учат да не прават грешки, бидејќи грешките го прават ученикот глупав. Но ние сме дизајнирани да учиме со правење грешки, бебињата учат да одат со паѓање - раскажува тој.

Второто нешто е тоа што училиштето ги учи децата да не бараат помош бидејќи тоа е препишување.

-Мојот кутар татко се обиде сам да ги реши финансиските проблеми. Јас го управувам мојот личен живот како рагби тим, најдобри сметководители, книговодители, банкари. Третото е дека училиштето ве учи дека постои само еден точен одговор. Во вистинскиот свет мора да пронајдете заеднички вистински одговори - вели Кијосаки.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија