X
 15.05.2018 Економија

Причината за сиромаштијата во овој регион

Според развиеноста и приходите, Балканот отсекогаш бил зад другите европски земји. На пример, БДП по глава на жител во Западна Европа е околу 40 илјади долари, а во земјите на Балканот (со исклучок на Грција) меѓу 10 и 20 илјади.

балкан

Експертите се обидуваат да најдат причини за тоа. Еден од најпознатите светски почитувани економисти - Бранко Милановиќ на блогот „Globalinequality“ пишува за хипотезата дека за неразвиеноста на земјите на Балканот е виновна географијата. Иако Милановиќ се согласува со историските објаснувања според кои главно Турците  и комунизмот се главни виновници за бавниот развој и балканската сиромаштија, тој се фокусира на уште подалечната историја на Балканот. Поточно, тој се прашува зошто Балканот повеќе не се развил во периодот на Римската Империја, со оглед на тоа што станува збор за подрачје што било едно од најразвиените и најнапредните на тогашниот свет, Грција и Рим.

Лоша урбанизација

Прво, во тоа време урбанизацијата на Балканот била особено слаба. Најголемиот балкански град бил Ладер (денешен Задар) со 30.000 жители, додека грчките и римските градови имале по 80.000 и повеќе граѓани. Освен тоа, иако Балканот се наоѓал помеѓу два најбогати делови на евро-медитеранскиот свет, имал далеку помалку приходи. Ако тогашните валути се претворат во денешните, Балканците заработувале 400 долари, Грците повеќе од 500, а Римјаните околу 700 долари.

Одговорот на прашањето зошто било така Милановиќ го гледа во географијата. Имено, подрачјето на Далмација и Мизија, историска покраина и римска провинција што се наоѓала на територијата на денешна Србија, Бугарија и Романија по должината на јужниот брег на Дунав, изгледала како коса лента на средоземното крајбрежје по должината на Јадранското Море, а после брегот се наоѓале високи и тешко проодни планини. Тоа е причината зошто подрачјето на Балканот било изолирано и имало проблеми со комуникацијата со останатиот дел од светот. Освен тоа, иако се работело за доста фреквентно подрачје, патувањата од Рим до Грција секогаш се одвивале по поморски пат, бидејќи бил пократок.

Така комуникацијата со најнапредниот и најразвиениот свет била ограничена. Исто така, непрактичноста на копнените патишта меѓу Рим и Грција го правела подрачјето зад брегот да биде уште понеразвиено и помалку урбанизирано.

Сепак, најлошиот дел бил зад планините. Поточно, како што човек се движи кон исток и поблиску до Дунав, така оваа област станува порамна и со тоа идеална за сите видови инвазии, што и се случило.

Поради оваа причина, Рим, како што се ширел кон исток, морал да ги изгради познатите погранични тврдини по должината на Дунав, поради што регионот сепак станувал поважен, и во воена и во стратешка смисла. Така, балканските градови не само што не се урбанизирале туку и станувале воени кампови. Со тоа Балканот ја изгубил можноста за развој и напредок, а сето тоа се должи на неговата географија.

Поради ова, Бранко Милановиќ се прашува: - Ако планините би биле околу 400 километри источно, дали би била различна целата историја на овој дел на Европа, а можеби и на цела Европа?
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија