X
 19.10.2015 Економија

Алтернативен начин за финансирање на сопствениот бизнис

Собирањето на пари за сопствен бизнис е една од најтешките задачи во текот на процесот, освен ако сте веќе финансиски стабилни.

 

biznis


Но, тоа не значаи дека мора да се откажете од вашите цели и дека никогаш нема да имате финансиска подлога за почетокна вашите претриемачки предизвици. Постојат неколку начини кои може да ве поттикнат доколку немате инвеститор.

Не давајте отказ од сегашната работа доколу не започнете да заработувате од вашиот сопствен бизнис

Еден од најсигурните начини да запчнете со вашата работа е да се обидете да ја задржите сегашната работа додека не бидете подготвени да започнете со самостојно инвестирање на сопствениот бизнис. Ако немате работа, можете да пронајдете привремена работа, макар и да не е во вашето поле на професија. Иако на филм е убаво да се види револуционерното давање отказ од работа што не ја сакате, во реалниот живот тоа е малку потешко.

Не се расфрлајте со пари


Дури и ако сте на добар пат да го соберите потребниот почетен капитал, внимавајте и планирајте ги вашите сегашни трошоци. Не купувајте нешто што не ви треба или што е надвор од вашите можности. Исто така, кога ќе започнете да соработувате со потенцијални партнери или нарачатели на услуги/производи, започнете со мали чекори.

Реинвестирајте ја заработката во работата

Нема да можете после еден месец да живеете богато од заработката. За работата да се развива, на почетокот на сите приходи кои ќе бидат „вишок“, повторно вложете ги во вашата работа и неговото ширење.

Земете помал кредит

Откако бизнисот стане доволно стабилен, полесно ќе можете да пронајдете содветна банка или институција која ќе ви даде кредит. Иако сите се плашат од вакви кредити, факт е дека нема да го добиете ако банката процени дека немате добар бизнис.

Не заборавајте на семејството и пријателите кои можат да ви помогнат

Ако позајмување пари од блиските луѓе, тоа може да биде меч со две острици. Позајмете ги парите само ако сте сигурни дека ќе можете да ги вратите според договорот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија