X
 10.03.2018 Економија

Ова се најбогатите жени во светот

zeni

На листата на магазинот „Форбс“ за 2018 година се најдоа рекорден број жени - 256, чие целокупно богатство е зголемено за 20 отсто од минатата година и сега изнесува околу 1.000 милијарда долари.

Најбогатата жена на светот е Алис Валтон, ќерка на основачот на американската компанија „Волмарт“, Сем Валтон. Вредноста на нејзиниот имот е 46 милијарди долари, а „Волмарт“ е најголемата американска и светска компанија за трговија и најголемиот синџир во малопродажба.

Втора на листата е Франсоаз Бетенкур Мејерс, наследничка на козметичкиот гигант „Лореал“. Нејзиниот имот е проценет на 42,2 милијарди долари.

На трето место се најде Сузан Клатен, која наследила дел од акциите на автомобилскиот гигант „БМВ“, чија вредност е проценета на 25 милијарди долари.

Четврта е Жаклин Марс, која се занимава со производство на храна. Во нејзино сопствеништво е познатиот бренд на благо „Марс“. Нејзиното богатство изнесува 23,6 милијарди долари. На петто место се најде Јанг Хуијан од Кина со богатство од 21,9 милијарда долари. На шесто место е Лорен Пауел Џобс, која има акции во „Епл“ и во „Дизни“, а чие богатство изнесува 18,8 милијарди долари.

На седмо место се најде Џина Рајнхарт од Австралија со 17,4 милијарди долари, на осмо Ирис Фонтбон од Чиле со 16,3 милијарди долари.

На деветто место е Абигеил Џонсон од Америка, која се занимава со финансиски менаџмент и има 15,9 милијарди долари вредност, а на десетто место е жена зад која стои уште еден моќен бренд, „Хајнекен“. Станува збор за Шарлен де Карваљо Хајнекен. Таа е еден од наследниците на данскиот бренд за производство на пиво, а нејзиното лично богатство изнесува 15,8 милијарди долари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија