X
 06.08.2023 Живот

Факти што можеби не ги знаете за Швеѓаните

Секој народ има одредена карактеристика што го прави уникатен. Така и Швеѓаните се разликуваат од останатиот дел од светот по одредени карактеристики. Некои од нив се помалку познати за странците.

Швеѓаните не се фалат

Жителите на Шведска не сакаат да се фалат со скапи автомобили и брендирана гардероба, а често им е непријатно да го покажуваат своето богатство. Додека во некои земји богатите се препознаваат по луксузни автомобили или донирање во хуманитарни цели, во Шведска луѓето се сметаат за богати доколку имаат доволно слободно време и може да си дозволат квалитетни патувања за своето семејство.

Тие не пушат цигари

Во Шведска помалку од 5 отсто од жителите се пушачи. Уште во 70-тите години, кога третина од населението секојдневно користеле цигари, почнале да се промовираат помалку штетни алтернативи кои постепено ја намалиле стапката на рак поврзана со пушењето.

Мала сабота

Доколку влезете во ресторан во работен ден и нарачате алкохолен пијалак, келнерот со право ќе помисли дека не сте родени во Шведска бидејќи тие пијат само за време на викендите. Често тие  претерано пијат, но исклучиво за викенд. Меѓутоа, неодамна се појавил тренд за пиење во среда, која ја нарекуваат „мала сабота“.

Нема хиерархија

Во шведските фирми хиерархијата е помалку застапена. Гледано однадвор, некогаш е тешко да се заклучи кој е генерален директор, а кој е вработен. Многу лица се вклучени во донесувањето одлуки, а не само оние на врвот.

Извор: Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот