Во главниот град на Шведска, Стокхолм, се тестира првиот „летечки“ електричен траект кој ќе плови еден метар над површината на водата.
Пловејќи над водата, траектот „Кандела П-12“ користи до 80 отсто помалку енергија од обичен брод. Бродот, кој треба да биде побрз и поудобен за патниците, инаку ја одржува стабилноста на површината на водата благодарение на специјални сензори.
- Опремено со три вертикални крила или хирофоли, леталото е способно да лета над вода кога оди доволно брзо. Благодарение на сензорите кои постојано ги приспособуваат фолиите, траектот ја одржува својата стабилност и троши до 80 отсто помалку енергија од вообичаеното - вели Андреа Мескини, шеф на истражување и развој на траектот.
Бидејќи го намалува триењето, траектот може да оди побрзо од конвенционалните траекти со максимална брзина од 55 километри на час.
Компанијата „Кандела“ во октомври треба да започне со превоз на патници меѓу островот Екеро и центарот на Стокхолм. Возењето на оваа маршрута треба да трае 35 минути со новиот траект.
Фото: Screenshot/YouTube