X
 06.09.2017 Технологија

Изуми за кои не сте знаеле дека се смислени од жени

Кога би ве прашале да именувате познати и важни пронаоѓачи, најверојатно би започнале со Томас Едисон, Александар Бел или Леонардо да Винчи. Но, што со Мери Андерсон или Ен Цукамото?

Можеби не ги знаете нивните имиња, но зад нив стојат изуми што се од големо значење за секојдневието. Ова се 9 изуми што би ги немале доколку не би постоеле овие неверојатни жени:

1. Компјутерски софтвер – Грејс Хопер

Се приклучила на Американската морнарица за време на Втората светска војна, а потоа добила задача да работи на нов компјутер, наречен „Марк 1“. Таа била во првите редови на компјутерското програмирање. Стои зад уред кој можел да ги претвори инструкциите во код што компјутерот може да го чита.

2. Идентификација на повик и чекање за време на повик  - д-р Ширли Ен Џексон

Теоретски физичар од Америка, а нејзиното истражување довело до креирање на идентификаторот на повик и чекањето за време на повик. Нејзините постигнувања во телекомуникацијата им овозможиле на други да ги осмислат факсот и оптичките кабли.

Таа е првата Афроамериканка што добила докторат од Институтот за технологија во Масачусетс.

3. Бришач на ветробраново стакло – Мери Андерсон

Андерсон нацртала решение на проблемот со снегот и дождот на ветробрановото стакло од возилата. Гумено сечило кое може да се движи преку команди од возилото. Таа го патентирала овој изум. Сепак, нејзиниот изум се докажал како неуспешен за автомобилските компании, кои сметале дека на возачите им го одвлекува вниманието. Андерсон никогаш не профитирала од својот изум, иако бришачите подоцна станале стандарден дел од автомобилите.

4. Батерии за вселенска станица – Олга Д. Гонзалес-Санабриа

Со нејзиниот изум се обезбедила со енергија Интернационалната вселенска станица. Таа потекнува од Порторико, а развила технологија со која се креирале батерии. Сега е директор на истражувачкиот центар „Глен“ во НАСА.

5. Машина за миење садови – Џозефин Кокрејн

Работела како забавувач и посакувала машина која ќе ги мие садовите побрзо од нејзините слуги и нема да ги искрши. Нејзиниот изум бил првата автоматска машина што користела воден притисок. Нејзиниот сопруг алкохоличар, по неговата смрт, ѝ оставил низа долгови, па таа го патентирала изумот и отворила фабрика за производство.

6. Домашен безбедносен систем – Мери ван Британ Браун

Медицинска сестра која често била сама дома. Заедно со својот сопруг Алберт го развила првиот домашен безбедносен систем. Уредот бил комплициран, со камера и мотор кој ја придвижувал за да се види кој се наоѓа пред влезната врата. Мониторот во нејзината спална соба бил опремен и со копче за аларм.

7. Изолација на матични клетки – Ен Цукамото

Нејзиниот патент бил награден во 1991 откако нејзината работа придонела за голем напредок во разбирањето на крвниот систем кај пациентите заболени од рак, што довело и до третман на болеста. Во моментов продолжува со истражување за креирање матични клетки и уште некои други иновации.

8. Кевлар – Стефани Кволек

Оваа хемичарка го измислила лесното влакно што се користи во штитови отпорни на куршуми. По ова нејзино откритие во 1965 година, со овој материјал, кој е 5 пати посилен од челик, спасени се милиони животи. Се користи и во ракавици, мобилни телефони, авиони и мостови.

9. Монопол – Елизабет Меги

Човек со име Чарлс Дароу се смета дека креирал една од најпопуларните игри во историјата, но правилата се измислени од Елизабет Меги. Таа сакала да ги демонстрира проблемите со капитализмот преку иновативна игра во која играчите менуваат лажни пари и имот.

Во 1935 година играта „Монопол“ што сите ја знаеме денеска ја објавиле браќата Паркер, кои откриле дека Дароу не бил единствениот креатор и го купил патентот од Маги за 500 долари.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија