Ново истражување, што сѐ уште е во рана фаза, предлага создавање на светилник на Земјата што ќе може да види до 20.000 светлосни години - или околу 5.000 пати подалеку од најблискиот ѕвезден систем од Земјата, Алфа Кентаури. Тоа е нов начин да им покажеме на вонземјаните дека сме тука.
Теоретски, сѐ што ќе му биде потребно е ласер од 1 до 2 мегавати. Научниците ќе ја фокусираат светлината низ 30 до 45 метарски телескоп и потоа ќе го насочат кон вселената. Резултатот ќе биде огромен канал на инфрацрвено зрачење што ќе биде доволно силен за да се види од далеку - дури и кога нашето сонце ќе зрачи доста инфрацрвена енергија во соседството.
Фото: Joe MCnally
Сигналот ќе биде видлив низ многу ѕвездени системи, но потенцијалните за живот што се во близина на Земјата се предмет од интерес на астрономите. Друга можност, освен Алфа Кентаури е „ТРАПИСТ-1“, ѕвеза на само 40 светлосни години оддалечена, што би можела да биде дом на три егзопланети погодни за живот.
-Ако успееме да комуницираме, би можеле преку светлината да испратиме порака, со брзина на податоци од неколку стотици битови во секунда, што ќе стигне таму за неколку години - изјави Џејмс Кларк, дипломиран астронаутичар на Институтот за технологија во Масачусетс и главен автор на истражувањето.
Дали телескопот може навистина да се создаде?
Кларк вели дека е можно да се создаде овој сигнал со помош на денешната технологија - тој го опишува како предизвикувачки проект, но не и невозможен. Во најмала рака, би генерирал малку чуден инфрацрвен сигнал што ќе го наруши сигналот што го произведува нашето сонце, со што би привлекол дополнително внимание.
Американските воздухопловни сили еднаш развиле воздушенласер од 1 до 2 мегавати, чија задача била да ги собори балистичките ракети. Што се однесува до 30-метарскиот телескоп, тоа е нешто што ќе биде изводливо многу наскоро. Два телескопи со слична големина веќе се изградени: 24-метарскиот гигантски телескоп „Магелан“ и 39-метарскиот европски екстремно голем телескоп.
Но, пред да се создаде ласерот, Кларк вели дека потребно е да се разгледаат неколку безбедносни прашања.
Светлината, дури и ако е невидлива, би можела да има штетно влијание врз видот на луѓето ако гледаат во погрешна насока. Доволно е моќна да ги уништи камерите на било кој орбитирачки вселенски брод што минува низ патеката на вселената.
Source: Stuff They Don't Want You to Know: What is SETI? by HowStuffWorks_Conspiracy_Theories