Од одамна, Илон Маск, извршен директор на „Tesla“, се труди да ја спаси природната средина и на луѓето да им овозможи електрични возила кои ќе можат да ги си дозволат. Се чини дека ова време пристигна.
Еволуцијата на „Tesla“
Најпрво се појави „Tesla Roadster“ чија цена беше висока, а се произведуваше во само 500 примероци годишно, но на светот му покажа дека и електричниот автомобил може да биде атрактивен. Наследник на „Roadster“ е величенствениот „Model S“, со висока, но сепак прифатлива цена.
После „Model S“ следуваше „Model X“. Парите заработени од продажбата на „Model S“ и „Model X“ беа насочени кон производство на „Model 3“ - првиот електричен автомобил наменет за масовниот пазар благодарение на неговата прифатлива цена.
Кои се карактеристиките на возилото?
Се знае основната цена која изнесува 35.000 долари. Со една полна батерија можат да се возат 350 километри, а сопствениците ќе ја добијат кон крајот на годината. За помалку од 6 секунди достигнува брзина од 96 километри на час. Маск во презентацијата истакнува дека „Model 3“ е сигурен автомобил и дека освоил 5 ѕвездички во секоја сигурносна категорија.
Во автомобилот собира 5 луѓе без никакви проблеми. Со оглед на тоа што „Tesla“ автомобилите немаат стандардни мотори, возачот и совозачот се малку понапред па оние кои седат на задните седишта имаат малку повеќе простор.
Дизајнот
Дизајнот на новиот модел е фантастичен, а и ја заштитува природната средина. Порачани се веќе 130.000 модели од овој вид на автомобил, а се чини дека бројката и понатаму ќе расте. „Tesla“ го менува и начинот на продажба на автомобилите. Знаеме дека се создаваат редици за купување на iPhone и влезници за кино, но сега овој модел на купување се пренесува и во автомобилската индустрија.
Конкуренција
Единствена можна конкуренција за овој модел е „Chevrolet Bolt“. И двата автомобили достигнуваат 350 километри. „Tesla“ е во предност бидејќи има „Supercharger“ мрежа за полнење, а сите знаеме дека брзината на полнење на било кој уред е најважната карактеристика за употребливоста.