„Затоа што не живеам во минатото, ниту во иднината. Ме интересира само сегашноста. Ако секогаш можеш да се концентрираш на сегашноста, ќе бидеш среќен човек“.
1. Стравот е поголема препрека од самата препрека
„Кажете му на вашето срце дека стравот од страдање гори од самото страдање. И дека ниту едно срце не патело кога ги барало своите соништа бидејќи секоја секунда на потрага е втора средба со Бог и со вечноста“.
Секоја нова потрага бара влегување во неистражена територија - тоа е застрашувачко. Но, со секој голем ризик доаѓа голема награда. Искуствата што сте ги стекнале во остварување на вашиот сон ќе направат сè да се исплати.
2. Она што е вистина секогаш ќе биде истрајно
„Ако она што човек ќе го пронајде е направено од чиста материја, тоа никогаш нема да се расипе. И секогаш може да се врати. Ако она што сте го пронашле е само момент на светлина, како експлозија на ѕвезда, нема да најдете ништо на враќање“.
Вистината не може да биде прикриена со чад и огледала - таа секогаш ќе биде цврста. Кога ја барате вистинската одлука, тоа ќе биде онаа што ќе ги издржи тестовите на времето и тежината на испитувањето и проверувањето.
3. Прекинете ја монотонијата
„Кога секој ден е ист како и другиот, причина за тоа е што луѓето не ги препознаваат добрите работи што се случуваат во нивните животи секој ден кога сонцето изгрева“.
Благодарноста е практика на пронаоѓањето добро во секој ден. Животот лесно може да стане монотон, но тоа се менува во зависност од тоа што избираме да видиме.
4. Гушнете ја сегашноста
„Затоа што не живеам во минатото, ниту во иднината. Ме интересира само сегашноста. Ако секогаш можеш да се концентрираш на сегашноста, ќе бидеш среќен човек“.
Нема смисла да живеете во минатото и да дозволите тоа да ве дефинира, ниту да се изгубите и да грижите за иднината. Но, во сегашноста вие се наоѓате во поле на можности - како ќе го насочите вашиот живот сега и тука?
5. Вашиот успех има ефект на бран
„Тоа го прават алхемичарите. Тие покажуваат дека кога се трудиме да станеме подобри од она што сме, сè околу нас станува подобро“.
Растот, промената и еволуцијата се наоѓаат во ткивото на реалноста. Да станете подобра верзија од себеси создава ефект на бранови што ќе донесат корист за сите околу вас: вашиот животен стил, вашето семејство, пријателите, заедницата.
6. Донесете одлука
„Кога некој донесува одлуки, тој целосно плови во силна струја што ќе го носи до местото на кое никогаш не ни сонувал дека ќе стигне“.
7. Бидете нереални
„Јас гледам свет во светлото на она што би сакал да се случи, а не на она што всушност се случува“.
Некои од најголемите пронаоѓања не би се случиле ако луѓето би го прифатиле светот онаков каков што е. Големите достигнувања и иновации почнуваат со начинот на размислување што го игнорираат невозможното.
8. Продолжете и покрај неуспехот
„Но, тајната на животот е да паднеш седум пати, но да станеш осмиот“.
Затоа што осмиот пат би можел да биде вашиот успех.
9. Фокусирајте се на сопственото патување
„Ако некој друг не е она што другите сакаат да биде, другите стануваат лути. Се чини дека сите имаат јасна визија за тоа како другите луѓе треба да ги водат своите животи, но не знаат ништо за својот живот“.
Лесно е да се биде под влијание на другите, но ќе бидете очајни ако на крајот го живеете туѓиот живот. Нема ништо лошо во прифаќањето совети и учење од другите, но погрижете се тоа да биде во согласност со вашите желби и страсти.
10. Секогаш преземајте акција
„Постои само еден начин на учење. Низ акција“.
Можете да учите, читате и слушате, но целосното
искуство е кога ќе преземете акција.