X
 19.01.2020 Култура

Богатството на ватиканската библиотека го има онлајн

Ватиканската апостолска библиотека била официјално основана во 1475 година, иако е многу постара.

Во 1451 година папата Николај V, реномиран библиофил, се обидел да го воспостави Рим како академски центар од глобално значење, градејќи релативно скромна библиотека со над 1.200 книги, вклучувајќи ја и неговата лична колекција на грчки и римски класици и серија текстови донесени од Цариград.

Апостолската ватиканска библиотека неодамна објави дека ја заврши дигитализацијата на ракопис стар 1600 години, што содржи фрагменти од епски текст што го нарачал императорот Август во I век пр.н.е.

Денес, библиотеката располага со околу 85.000 инкунабули (изданија направени помеѓу пронајдокот на печатницата и 16 век) и повеќе од еден милион книги.

Сега, сето ова богатство е достапно и на интернет благодарение на макотрпниот процес на скенирање. Можете да ја пребарувате библиотеката и да преземете некои од архивите ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура