X
 10.07.2018 Живот

Кејптаун сака да довлечка карпа мраз од Антарктикот за да има вода

Кејптаун наскоро може да остане без вода. Тешко е да се предвиди кога точно ќе дојде тој момент да снема вода, но повеќето експерти предвидуваат дека може да се случи уште идната година. Кога ќе се случи тоа, илјадници луѓе може да немаат пристап до чиста вода. Таквото сценарио би било катастрофално.

Катастрофата што им виси над глава на Јужноафриканците предизвика смислување на секакви решенија за одложување на проблемот. Најновиот предлог на експертот за поморско спасување Ник Слоане е да се фати карпа мраз од Антарктикот и да се довлечка до градот и потоа тaa да служи како извор на свежа вода. Може ли тоа да функционира? Теоретски да. Дали ќе функционира? Тоа е многу потешко прашање.

Самата идеја на влечење карпа мраз од полот за да се обезбеди свежа вода не е нова. Такви предлози имало безброј и речиси секогаш се сведуваа на ништо. Голем број групи со децении предлагаа влечење на карпа мраз, а во 1973 година „Ранд корпорејшн“ напиша и студија од 83 страници за таа идеја. Покрај планирањето, сè уште немало успешен обид за фаќање и влечење карпа мраз за свежа вода.

Добрата вест е што во децениите откако беше објавена студијата, влечењето на глечерите всушност стана рутина во една област: дупчењето на Арктикот. Нафтените компании што работат на платформите за вадење нафта во северните води често се загрижени дека карпите мраз може да се судрат со платформите, па тие развиле техника за нивно фаќање и префрлање на помалку опасна траекторија.

Фото: Popular Mechanics

За да се одвлечка карпа мраз, потребно е специјален брод за влечење да ја обвитка карпата со јаже за влечење. Тоа јаже е со дијаметар од осум инчи. Потоа бродот ја влече карпата настрана пред да предизвика штета.

Потенцијалниот проект за снабдување на вода за Кејптаун би ја искористил истата основна процедура, при што два реморкера би ја влечеле карпата мраз повеќе од илјада милји до Кејптаун. Таа би била покриена со изолирачка прекривка за да се одложи топењето. Можеби има многу мали шанси за успех, но со оглед на тоа дека градот може наскоро да остане без вода, ова може да е единственото решение. Судбината на илјадници луѓе може да зависи од успехот на Кејптаун на поле во кое никој претходно немал успех.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот