Денеска започна сместувањето на студентите во студентските домови, соопштија од Државниот студентски дом „Скопје“.
Оттаму додаваат дека вселувањето се води според протоколите издадени од Министерството за образование и наука.
- Студентите одговорно пристапуваат кон мерките, со што се избегнуваат метежи и во координација со сите вработени успешно се одвива процесот на сместување - истакнаа од ДСД „Скопје“.
Инаку,
МОН во саботата ги објави резултатите од Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување за студиската 2021/2022 година, кои се однесуваат на студентите од втора и од повисоките години на студии.
Од МОН истакнаа дека аплицирањето за студентите од прва година на студии започнува на 6 септември и трае до 24 септември 2021 година. За бруцошите се предвидени 1.249 места во студентските домови.