Студенти се жалат дека имаат технички проблеми за да се пријават електронски за сместување во државен студентски дом. При најавувањето на страницата konkursi.mon.gov.mк ги пренасочува на uslugi.gov.mk и им појавува коментар дека нешто не е во ред. Од МОН објаснуваат дека вчера направиле надградба на платформата konkursi.mon.gov.mk и техничкиот проблем кој се појавувал кај одредени апликанти, во зависност од уредот преку кој се најавуваат и обидуваат да аплицираат, сега е надминат.
Од МОН објаснуваат дека рокот за аплицирање за студентите од втора и повисоките години на студии трае до 17 август, односно уште 10 дена, додека рокот за аплицирање за студентите од прва година почнува на 7 септември и ќе трае до 21 септември.
Оттаму додаваат дека покрај објавеното упатство за регистрација и аплицирање на порталот, МОН им стои на располагање на студентите за каква било дополнителна поддршка.