Новата серија на „Нетфликс“ - „Едно парче“ (англ. „One Piece“) веќе го собори рекордот поставен од „Почудни нешта“ и „Венсдеј“. Серијата е адаптација на истоимената јапонска аниме-серија и веќе ги воодушеви гледачите низ светот.
Пиратската авантуристичка сага го следи Монки Д.Луфи, кој собира тим од идни пирати. Луфи долго време сонувал да стане пиратски крал и е во потрага по мистериозното богатство на пиратот Голд Роџер.
- Во срцето на приказната е Луфи, кој е мал светилник на оптимизам кој едноставно никому нема да каже не - објаснува кокреаторот на серијата, Стивен Меда.
Серијата се најде на првото место на „Нетфликс“ во 84 земји
- Тоа е она што ја прави приказната посебна - низ сето ова, Луфи е тој што ќе издржи и ќе се движи по вистинскиот пат. Иако не знаат каде точно одат, тие знаат што сакаат и тој им е водач на многу начини - додава тој.
Првата сезона на серијата веќе го собори рекордот поставен од „Венсдеј“ и „Почудни нешта“. Серијата беше на врвот на топ-листите на „Нетфликс“ во 84 земји, додека „Венсдеј“ и „Почудни нешта“ беа на врвот на топ-листите во 83 земји за време на нивниот деби-викенд.
Фото: Screenshot/YouTube