Децата веќе се вратија во училишните клупи, а за учениците што го посетуваат реновираното средно училиште „Волнут Гроув“ во Проспер, Тексас, еден од најбогатите градови во САД, ова сигурно ќе биде одлична година.
Наставата се одржува во двокатна зграда со 62 училници и 14 лаборатории. Исто така, постои и повеќенаменска зграда од 75.000 квадратни метри, аудиториум за ликовни уметности со 1.000 седишта и спортска арена со 2.200 седишта.
Во надворешниот простор на училиштето има игралишта за фудбал, бејзбол, софтбол, тенис и патеки за трки. Ова средно училиште има и затворен спортски објект кој се користи во лето за да се избегнат горештините.
Кога станува збор за образованието, „Волнат Грув“ има различни програми и предмети за новинарство, мода, кулинарство и ликовни уметности, форензичка наука, медицинска техника и е-спорт. Фотографиите од ова луксузно училиште станаа вирални на сите социјални мрежи.
Многу инстаграм-корисници го споредија „Волнат Грув“ со универзитетските објекти, велејќи дека ова училиште има подобри услови од многу универзитети.
Во меѓувреме, некои го изразија своето незадоволство затоа што фокусот на училиштето е на естетиката, а не на образованието.
Иако се чини дека ова училиште е на повисоко ниво, важно е да се напомене дека трошењето големи суми пари за спорт е честа појава во американските средни училиште. Според „Бастед ковериџ“, веб-страница за спортски вести во средните училишта, трошоците за спорт се обично трипати поголеми од трошоците за образованието.
Според истражувањата на Институтот за учење политики, повеќе пари што им се даваат на училиштата за финансирање често резултира со повисоки стапки на постигнувањата на учениците, а тоа финансирање често оди во училишта каде што учат претежно бели ученици.
- Иако парите сами по себе не се одговор на сите образовни проблеми, поправедна и посоодветна распределба на финансиските средства во школувањето е неопходен предуслов за подобрување на правичноста и адекватноста на резултатите - вели Брус Д. Бејкер, професор на Универзитетот „Рутгерс“.
Проблем со јазот меѓу богатите и сиромашните
Проблемот со јазот меѓу богатите и сиромашните во Америка директно влијае врз образовната нееднаквост, бидејќи финансирањето на државните училишта се заснова на даноците на имот.
Богатите области завршуваат со добро финансирани училишта, а областите со ниски приходи завршуваат со лошо финансирани училишта, според Школата за образование на Американскиот универзитет.
Веб-страницата „Баз фид“ побара коментар од „Волнат Грув“.
- Училишната зграда е повеќе од физичка структура која обезбедува сместување, светлина, топлина и засолниште, таа е единствениот израз на посветеноста на заедницата кон образованието - изјави д-р Доналд Леу, меѓународен авторитет за образование и писменост.
- Нашата заедница е посветена на нашите училишта. Нашите објекти ги одразуваат стандардите поставени од семејствата кои се преселиле овде од целата земја и светот и кои ја избрале нашата област за да им овозможат на своите деца извонредно образование - додава д-р Леу.
Извор:
Index.hr
Фото: Facebook/Twitter