Алан Лихтман, познат професор по историја и автор на книгата „Клучеви за влегување во Белата куќа“ вели дека на демократите ќе им биде прилично тешко да останат во Белата куќа, како и тоа дека Доналд Трамп ќе биде наредниот американски претседател.
Неговото упатство со 13 тези или клучеви од 1981 година никогаш не погрешило, со што професорот секогаш точно го прогнозирал идниот американски претседател.
Тој вели дека прогнозата за 2016 година му е најтешка, а до неа дошол анализирајќи ги изборите во Америка уште од победата на Абрахам Линколн во 1860 година а се' до победата на Џими Картер во 1981 година.
На неговите тези се одговара со точно/неточно. Ако на шест или повеќе прашања може одговорот е неточно тогаш губи кандитатот чија партија е на власт. Овие негови клучеви се однесуваат на силата и квалитетите на настап на партијата која моментално се наоѓа во Белата куќа.
„Овој клуч секогаш функционираше“, вели професорот Лихтман.
Лихтман признава дека неговите досегашни прогнози се однесуваа на времињата кои отсекогаш биле стабилни. Тие се базирани врз основа на многу промени во историјата и се доста силни. Меѓутоа, тој вели дека може да дојде време кога промената е толку катаклизмична, што може да ги промени темелите на политиката, а овие избори го имаат тој потенцијал - се'уште не знаеме, но постои потенцијал, вели професорот.
„Ако стабилноста во земјата е добра, тогаш партијата која е на власт ги добива изборите. Ако е фаза после земјотрес, тогаш партијата на власт ги губи изборите“, вели тој.
Прашалник/теза за 2016 година
Лихтман смета дека одговорот на прашањата 1, 3, 4, 7, 11 и 12 е неточно и затоа Доналд Трамп ќе победи на изборите.
1. Според последните избори партијата на власт има повеќе мандати во Претставничкиот дом - неточно.
2. Нема сериозен противкандидат во партијата - точно.
3. Кандидатот од партијата на власт моментално е претседател - неточно.
4. Нема трета партија или независна кампања - неточно.
5. Економијата не е во рецесија во текот на изборната кампања - точно.
6. Реалниот раст по глава на жител во текот на мандатот останува ист или се зголемил во однос на претходните два мандати - точно.
7. Администрацијата на власт (Обама) имплементираше значајни промени на внатрешно политичко ниво - неточно.
8. Немаше трајни социјални немири за време на мандатот на Обама - точно.
9. Администрацијата на Обама беше поштедена од поголеми скандали - точно.
10. Администрацијата на Обама не правеше поголеми грешки во област на надворешната и воената политика - точно.
11. Администрацијата на Обама постигна извонредни успеси на воено ниво како и во однос на надворешната политика - неточно.
12. Кандидатот (Хилари Клинтон) има силна харизма или е национален херој - неточно.
13. Другиот кандидат (Трамп) не е харизматичен и не е национален херој - точно.
Професорот вели дека не гледа на кристална топка, туку станува збор за прашалник врз основа на историјата.
„Мислам дека овие избори имаат потенцијал да ги нарушат нормалните граници на американската политика, па дури и да го ресетираат копчето за влегување во Белата куќа“, тврди тој.