Марио Дедивановиќ сега има сопствени канцеларии во Њујорк. Пред две децении тој бил дете на обичен пар со албанско потекло, емигранти во Америка. Тогаш неговите родители чистеле слични канцеларии како оние што шминкерот ги има денес.
- О Боже. Денес ги зедов клучевите од моите нови канцеларии во Њујорк, на мојот 37. роденден. Се разбудив среќен и возбуден затоа што ова беше еден од моите соништа повеќе од две децении. Кога моите родители дошле во оваа земја, тие чистеле вакви канцеларии со години. Секогаш сонував да живеам во Њујорк и да бидам блиску до моите канцеларии (и сонував да одам пеш во патики и маица). Денес тој сон ми се оствари, 20 години подоцна - напиша шминкерот на „Инстаграм“.
Тој потоа додава дека било потребно многу време, но истакнува дека е благодарен.
- Знам дека можеби изгледа како долго време за некои од вас, но јас сум благодарен за долгото патување, борбата и сите години и напорна работа што доведоа до ова. Сега сум поразумен, имам поголемо искуство, станувам човекот кој отсекогаш се замислував. Ова е само уште еден чекор во ова долго патување. Или како што сакам да кажам, уште еден дел од сложувалката - пишува Марио.
Тој им порача на сите артисти да не се откажуваат од
соништата.
- Верувајте ми. Ќе се откажев неколку пати. Бидете силни и верувајте во себе - им порача шминкерот.
Инаку, Марио се прослави како шминкер на Ким Кардашијан и ужива голема слава во САД.