X
 06.09.2024 Живот

Компанија во Јапонија дава отказ наместо вас: „Не вреди да се збогувате со колегите“

Давањето отказ од работа што не ја сакате знае да биде прилично тешко, така што создадени се компании што им помагаат на работниците да дадат отказ.

Компании во Јапонија почнаа да даваат откази наместо вработените и им помагаат да ги напуштат своите работни места.

Една таква услуга е „Егзит“, која дава отказ за 10.000 луѓе годишно, па дури и нуди поволен одмор за оние клиенти што ќе се вратат уште еднаш за услуга.

- Можеби Американците ќе бидат изненадени, но бев срамежлив и исплашен да го кажам она што го мислам. Јапонците не се воспитани да дебатираат и да изразуваат мислења - вели коосновачот Тошијуки Нино.

Низ Јапонија се појавија компании што нудат слични услуги. Во Јапонија има 2,7 отсто невработеност и недостиг на персонал. Во компаниите за давање отказ, персоналот се јавува на работните места на клиентите и им кажува дека даваат отказ и прецизираат други детали, на пример, кога ќе биде нивниот последен ден, како да вратат уреди и слично.

И додека мнозинството шефови ќе го прифатат известувањето за отказ од овие компании, некои од работодавците бараат правни преговори со присутен адвокат.

Оние што не можат да си дозволат вакви услуги, на телефон се преправаат дека се агенти за давање отказ.

Извор: Nypost.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот