X
 09.05.2017 Култура

Макрон поднесе оставка во движењето кое го основаше!

makron
Фото: AFP

Новоизбраниот претседател на Франција, Емануел Макрон поднесе оставка на местото претседател на движењето „Во строј!“ кое самиот го основаше, јавуваaт француските медиуми.

Макрон во неделата победи во вториот круг од претседателските избори во Франција, а оставката следуваше само еден ден по убедливата победа над противкандидатката Марин ЛеПен според официјално објавените резултати.

Ришар Феран, генералниот секретар на движењето на Макрон, им се забрагодари на подржувачите, чиј број достигна околу 285.000, по што одржа конференција за новинари за да ја соопшти оставката на Макрон на функцијата претседател на движењето, што ја поднел на „вонредниот состанок на управниот одбор“.  

За привремен претседател на движењето „Во строј!“ кое Макрон го основаше во април 2016 година, именувана е Катрин Барбару, наведува парискиот „Фигаро“.

Поранешниот француски премиер Мануел Валс изјави дека ќе го поддржува политичкото движење на избраниот претседател на престојните избори во јуни, за долниот дом во парламентот.

„Сакам да се приклучам на неговото движење и да бидам нивни кандидат на престојните парламентарни избори“, изјави Валс за РТЛ радио, пренесува „Ројтерс“.

Претходно, Макрон вети дека половина од кандидатите на тие избори ќе бидат нови имиња во политиката, јави „АП“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура